Експеримент покажа како се шири вирусот во кафулиња и ресторани за половина час (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Белгискиот виролог Марк Ван Ранст сподели видео од јапонски експеримент кој покажува колку брзо се пренесува коронанавирусот помеѓу луѓето во кафулињата и рестораните.

Експериментот собра 10 учесници, а судијата беше заразено лице.

Нанесувале флуоресцентна боја на неговите раце, а потоа сите седнале да јадат. После половина час, светлата беа исклучени, а под ултравиолетова светлина, честичките можеше да се видат како се шират во целото друштво, приборот и масата, па дури и на лицата на луѓето.

Ова уште еднаш потенцира колку е важно, покрај мерките за олеснување, да имате лична одговорност, редовно да ги миете рацете и да го одржувате растојанието.

Leave a Reply