Комисијата за заразни болести ќе испрати предлог до Владата за олабавување на мерките.
Тоа предвидува ставање во функција најпрвин на центри за едукација, испитни центри, спортски обложувалници и затворени трговски центри, но со задолжително носење заштитна опрема и само во часови кога е дозволено движење на населението, рече денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Како што посочи тој, сите субјекти ќе мора да се придржуваат до носење заштита, а бројот на присутните ќе биде одреден. Ќе се следи епидемиолошата состојба, па ќе следува отворање и на угостителските објекти.
Кафулињата и рестораните е предвидено да се отворат следната недела, на 25ти мај и објекти за игри на среќа, автомати, клубови, теретани, базени и хотели.
– Се очекува стабилизација на ширење на вирусот, но сме свесни дека целосно исчезнување тешко е да се очекува. Согласно сегашната состојба, во следните два месеци очекуваме намалување на ширење на вирусот. Нешто што очекуваме да придонесе се и високите температури, кои ќе го ослабнат вирусот и ќе го намалат преносот – речеминистерот.
Според министерот претстои мирен период, но границите нема да бидат отворени засега, а полицискиот час нема да се укине.
Никола Ивановски