Италијанското здружение за психијатри издаде соопштение-аларм, бидејќи, како што наведоа, по 3 месеци изолација во куќата, голем број на луѓе имаат т.н. „затворски синдром“ или „синдром на колиба“.
Тоа е страв од надворешниот свет и честопати осудениците имаат таков проблем по долга затворска казна. Таквите луѓе се плашат да ја напуштат куќата каде што ги поминале последните два месеци, каде се чувствуваат безбедно, а се плашат од надворешниот свет и можноста да се заразат.
Се проценува дека најмалку еден милион Италијанци страдаат од ова нарушување.
Симптомите кои не треба да се потценуваат се несоница и раздразливост. Луѓето што се најмногу подложни се оние кои слабо се прилагодуваат на променетите услови, како и оние кои имаат други психолошки проблеми.
Според најновите истражувања во Италија, Шпанија и Англија, стресот, вознемиреноста, депресијата, стравот од губење на работа, работа од далечина во мали станови, немањето пари, се фактори кои влијаат на 41 процент од Италијанците, 46 проценти од Шпанците и 42 проценти од Англичаните да излезат од пандемија со психолошки проблеми.