Ако светот не ги спречи емисиите на стакленички гасови, за 3,5 милијарди луѓе би можеле да живеат во екстремна топлина за 50 години, велат холандските научници.
Дотогаш, околу една третина од светската популација, ако не емигрира, ќе живее во области со просечна годишна температура од повеќе од 29 степени Целзиусови, тврдат стручњаците од холандскиот универзитет Вагенинген.
12 локации на кои се случуваат мистериозни, паранормални и вознемирувачки појави (ФОТО)
Живеењето во вакви услови би било над климатската ниша во која луѓето живееле изминативе 6.000 години, рече Мартин Шефер, водечки автор на студијата објавена во понеделникот во списанието Proceedings of the National National Academy of Science (PNAS).
Во моментов, околу дваесет милиони луѓе живеат на места каде просечната годишна температура надминува 29 степени. Овие области покриваат помалку од еден процент од површината на Земјата и претежно се делови од Сахара.
Со секој степен повисока просечна глобална температура, околу милијарда луѓе ќе се најдат во области премногу топли за да живеат без технологија за ладење. Но, тоа се претежно сиромашни луѓе кои не можат да си го дозволат тоа.
Еве како 1,5 степени глобално затоплување влијаат на светот (ВИДЕО)
„Коронавирусот го смени светот на начини на кои беше тешко да се замисли до пред еден месец, а нашето истражување покажува дека климатските промени би можеле да направат нешто слично“, рече Шефер.
Климатските промени нема да бидат брзи како вирусот, но за разлика од оваа пандемија, нема да има решение или олеснување за нив во блиска иднина, додава тој.
Шефер и неговите колеги ги темелат своите истражувања врз анализа на податоците од минатото и тековните трендови на затоплување, кои се споредуваат со климата во одделни региони.
Половина од плажите во светот ќе исчезнат до крајот на векот
Така научиле за „омилената“ температура на човештвото низ целата историја. Оваа климатска ниша, како што ја нарекува Шефер, се однесува на просечна годишна температура од 11 до 15 степени.
Луѓето можат да живеат, и тоа го прават, во потопли и поладни места, но бидејќи се движат подалеку од таа температурна граница, нивните животи се потешки.