Коронавирусот е причина за смртта на популарнот ТВ водител, шоумен, музичар и композитор Драган Вучиќ.
Loading...
Веста преку социјалните мрежи ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој упати сочувство до семејството.
– Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на одделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските, напиша Филипче.
Никола Ивановски