На Флорида прават заштитини маски од кожа на питони (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сопственикот на една продавница во Флорида започна со продажба на маски за лице направени од кожата од бурмански питон, кои почнаа неконтролирано да се размножуваат во националниот парк Евергејдс, заштитен од УНЕСКО, со што започна посебен „моден предизвик“ за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Loading...

Брајан Вуд, сопственик на All American Gator, прави разни маски од кожа не само на питони, туку и крокодили и алигатори, пренесува „Мајами хералд“.

„Луѓето ќе треба да покриваат дел од нивните лица некое време, маските се таму бидејќи ситуацијата може да потрае подолго отколку што сме замислиле“, рече Вуд, додавајќи дека сакал да им угоди на сите што ја следат модата.

Во Индонезија со духови ги плашат луѓето за да не излегуваат надвор (ВИДЕО)

Самата питонска кожа не обезбедува заштита од COVID-19 како што се маските М95, што блокира мали и големи честички во воздухот, поради што Вуд работи на дизајнирање маска која ќе има филтри.

Претставници на Флорида пред неколку дена им наредија на жителите во Мајами да носат маски или да ги покриваат носот и устата со ткаенина при купување во маркети, аптеки и продавници.

Leave a Reply