Пристигнува побараната медицинска опрема од Турција

Сподели со своите пријатели

Помош од тестови, заштитни медицински маски и скафандери од Турција денеска во 14:30 часот пристигнуваат на Меѓународниот аеродорм во Скопје.

Loading...

Помошта на надлежните ќе им ја предаде Амбасадорот на Република Турција во Македонија, Хасан Мехмет Секизќок.

– Врз основа на потпишаниот договор со Република Турција за донација на медицинска опрема и средства наменети за здравствениот сектор на Република Северна Македонија, која се состои од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и 1.000 дијагностички тестови, информираме дека денес во 14:30 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, помошта ќе биде предадена на министерот за надворешни работи Никола Димитров и земеник началникот на Генералштаб, Азим Нуредин, од страна на Амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок, информираат од Министерството за надворешни работи.

Никола Ивановски

Leave a Reply