Иран привремено ослободи околу 85.000 затвореници, вклучително и политички затвореници, поради ширењето на епидемијата на коронавирусот, според портпаролот на иранската правда, Голамхусеин Есмаили.
Loading...
„До денес, околу 85.000 затвореници се ослободени“, рече Есмаили за Ројтерс.
Есмаили објасни дека само оние чија казна била помала од пет години биле ослободени, додека оние со потешки казни останале во затвор.
Мапа за следење на коронавирусот во Македонија
Првиот случај на инфекција КОВИД-19 во Иран е откриен на 19 февруари. Оттогаш, коронавирусот се рашири во сите провинции во земјата, а бројот на заразени лица, според најновите бројки изнесува 14.991, од кои 853 починале.
Скоро пет илјади луѓе се излекувани.