Најбогатиот Кинез донираше милион маски и 500.000 тестови за САД

Сподели со своите пријатели

Најбогатиот Кинез, основачот на Алибаба, компанија во чија сопственост е Али експрес, Џек Ма, најави дека ќе донира еден милион маски и половина милион комплети за тестирање на коронавирусот во САД.

Loading...

Тој ова го објави на Твитер во име на својата фондација преку која ќе се изврши донацијата.

Армани донираше 1,25 милиони евра за борба против коронавирусот

– Оваа криза е огромен предизвик за човештвото во глобализираниот свет. Ниту една земја не може да се бори против пандемија индивидуално – се вели во изјавата на Фондацијата Џек Ма.

Богатството на Џек Ма се проценува на скоро 40 милијарди долари.

Ма веќе донираше 14,4 милиони долари за развој на вакцината против коронавирусот во Вухан.

Ќе го помести ли коронавирусот претстојниот Евросонг?

Тој донираше средства и за Јапонија, Јужна Кореја, Италија, Иран и Шпанија за борба против епидемијата.

Loading...

Leave a Reply