Научниците од Универзитетот во Калифорнија откриле дека пругите на зебрите не се дел од камуфлажата за заштита од предатори, туку служат за регулирање на температурите на телото.
Многу африкански животни имаат пруги по телото, но оние не се толку изразени како кај зебрите.
15 факти за животните кои не ги знаат ниту сите зоолози
Пругите кај некои од нив еволуциски се развиле со цел преживување на пеколните жептини, тврдат истражувачите кои во својата студија се занимавале со оваа прашање.
Претходно се верувало дека пруги кај зебрите служат за камуфлажа и бегање од грабливците, додека имало и такви кои тврделе дека служат за избегнување на каснувања од мувите кои пернесуваат болести.
По неколку месеци проучување на зебрите, научниците заклучиле дека тие поради своите пруги се видливи за предаторите дури и на оддалеченост од над 100 метри, па така се отпишува теоријата за камуфлажа.
Дали знаете како настанал пешачкиот премин?
Според калифорниските научници, распоредот и обликот на пругите поврзани се со регулацијата на температурата.
Зебрите имаат псоебен начин на ладење на телото. Тие ја варат храната поспоро за разлика од другите африкански тревојади, поради што повеќе се изложени на сонце.
Пругите им помагаат да ја контролираат температурата на телото така што црните делови им се загреваат побргу додека белите побавно и се прави баланс.