Најстариот носорог во светот, Фауста, почина во Танзанија на 57-годишна возраст.
Женскиот источен црн носорог бил прв пат забележан кога имал три години во кратерот на згаснетиот вулкан Нгоронгоро во Танзанија.
Таа слободно ја шетала областа повеќе од 54 години, но поради лошата здравствена состојба и староста, минатата година ја помина живеејќи во засолниште каде што доби помош од експерти, јавува Би-Би-Си.
Rhino believed to be ‘world’s oldest’ dies aged 57 in Tanzania https://t.co/juHypdM70w pic.twitter.com/xnRybnWFDt
— Jacaranda News (@JacaNews) December 29, 2019
Фауста никогаш немала потомство, а нејзините старатели веруваат дека тоа придонело за нејзината долговечност.
Видот на Фауста започнал да се ослабува во 2016 година, а таа исто така страдала од напад од хиена.
„Кога таа стана стара, дивите ѕверови, а особено хиените, почнаа да ја напаѓаат, па претрпе многу сериозни повреди. Затоа моравме да ја отстраниме од дивината таа година и да ѝ обезбедиме посебна грижа”, рече д-р Фреди Манонги од резерватот Нгоронгоро.
Манонги во изјавата рече дека Фауста живела подолго од било кој друг носорог во светот и починал од природна смрт на 27 декември.
Носорозите во дивината обично живеат од 37 до 43 години, а во заробеништво до 50 години.
Источниот црн носорог се наоѓа на списокот на критично загрозени видови.
Нивниот број е загрижувачки мал бидејќи луѓето ги ловат за нивните рогови, но бројот започна да се зголемува неодамна.
Rhino believed to be ‘world’s oldest’ dies aged 57 in Tanzania #NTVNews https://t.co/9H7L6bUV2H pic.twitter.com/btRcAsO6HV
— NTV UGANDA (@ntvuganda) December 29, 2019