Биле обично семејство, се додека еден ден агенти на ФБИ не им тропнале на врата

Сподели со своите пријатели

На прв поглед, Карен и Бери Мејсон воделе живот достоен за почит.

Loading...

Карен работела како новинар за познати весници во Чикаго и Синсинати, а Бери бил инженер за специјални ефекти во филмската индустрија, меѓу другите, работејќи на серијалот „Ѕвездени патеки“ и филмот „Одисеја во вселената 2001“.

Тие се запознале на еврејска забава за осамени, а нивните три деца редовно оделе на саботната служба во синагогата.

Кога семејството заглавило во финансиска криза во средината на 1970-тите години, Карен видела реклама во Лос Анџелес Тајмс во која се барал некој да дистрибуира порнографско списание „Хастлер“ и други производи на магнатот Лери Флинт. Така, тие влегле во светот на индустријата за возрасни.

Се испоставило дека тие имаат смисла за бизнисот. За само неколку недели, тие добиле 5.000 нарачки. Тие патувале околу Лос Анџелес испорачувајќи стока.

Иако Хастлер е стрејт порнографско списание, Флинт наскоро се здобил со неколку неуспешни геј публикации, па тие станале дел од портфолиото на Мејсон.

Неколку години подоцна, кога сопственикот на најпознатата книжарница „Book Circus“ во Вест Холивуд се нашол во неволја, Мејсон ја презел во 1982 година.

Бери и Карен подоцна го смениле името на книжарницата во „Circus of Books“. Тоа било многу повеќе од продавница – исто така било прибежиште и место за состаноци за геј мажите од Лос Анџелес.

Loading...

Децата Михеј, Рејчел и Jош добиле строги упатства: кога доаѓаат во продавницата, не им било дозволено да ги гледаат и допираат производите или списанијата за возразни. Исто така, научиле никогаш да не им кажуваат на пријателите како се вика продавницата.

Сепак, нивниот план не успеал затоа што децата подоцна од своите пријатели дознале со што се занимаваат нивните родители.

За време на „Circus of Books“, Мејсон постигнал комерцијален успех уште пред да отворат друга гранка во Силверлејк.

Тие исто така започнале да прават геј филмови за возрасни со актерот Џеф Стрикер. Сепак, продолжиле да дистрибуираат порнографија.

Претседателот Роналд Реган му наредил на јавниот правобранител Едвин Миз да покрене истрага за индустријата за возрасни и резултатот бил „Мизовиот извештај“ од 1986 година. Некое време потоа, дистрибутерите им продавале само материјали на луѓето што ги познавале, но еден вработен направил грешка: тој примил нарачка за „Видео клубот Џо“, зад кој всушност стоел ФБИ.

Рацијата била во холивудски стил: вооружени агенти упаднале во продавницата и ги обвиниле Мејсон дека нелегално дистрибуирал непристојни материјали. На Бери му се заканувала казна од пет години затвор, но адвокатот успешно го бранел, па не морал да оди во затвор и продавницата продолжила да работи.

И покрај долгогодишната поврзаност на Мејсон со геј заедницата во Лос Анџелес, во куќата никогаш не се зборувало за сексуалноста. Меѓутоа, нивната ќерка, Рејчел, привремено започнала да живее „квир“стил.

– Порано посетував геј клубови, имав малолетничка лична карта за да можам да одам на „дрег“ претставите и бев воодушевена од сето тоа, – вели таа.

Loading...

Иако никогаш јавно не се изјаснила, таа секогаш била оригинална и бунтовна, така што никој не бил особено изненаден кога на матурскиот бал се појавила со девојка. Најмладиот Џош, сепак, се борел со себе, но откако долго ја криел тајната, една вечер, пред да се врати на колеџ, веќе не можел да издржи.

– Почнав да пишувам белешка на парче хартија: „Јас сум геј. Јас сум геј“. Фрлив пенкало и хартија на масата “, вели тој.

Реакцијата на Карен вечно ќе ја паметат и двајцата: “Дали сте сигурни? Бог сигурно ме казнува!”

„Јас бев љубезна со сите геј луѓе, но навистина не бев подготвена да имам геј дете“, рекла Карен.

Подоцна сфатила дека го повредила Џош, па се приклучила на организацијата „Родители и пријатели на лезбејки и гееви“ (ПФЛАГ), а Бери и Карен станале амбасадори на таа организација и им помогнале на другите родители да ја разберат сексуалноста и родовите отстапувања на своите деца.

Leave a Reply