Еве 10 вообичаени работи што може да изгледаат навредливи за некои луѓе:
1. Палците нагоре
Подигнатите палци не се секогаш знак за пријателско расположени. Во Иран и делови од Блискиот исток, тие го имаат значењето „оди по ѓаволите“!
2. Однесувајте се внимателно со вашата визит-картичка
Во Јапонија, кога некој ќе ви понуди визит – картичка, треба да ја земете и да ја третирате со големо внимание. Никогаш не треба да ја ставате во џеб, на пример, тоа би било голема навреда.
3. Бидете внимателни со комплиментите
Со арапските и африканските народи, ако на домаќинот на пример му кажете: „Убава ви е софата“, тој можеби се чувствува обврзан да ви подари иста таква.
4. Досипување пијалоци
Во Јапонија, се смета за непријатност сами да си сипувате пијалак. Треба да послужите пијалак на лицето кое седи покрај вас.
5. Јадење со левата рака
Муслиманите сметаат дека е некултурно да се користи левата рака за јадење. Левата рака е одговорна за „должностите во бањата“.
6. Пристигнување на време
Ако сте еден од оние што засекогаш доцнат, Аргентина е вистинското место за вас. Ако сте поканети на забава во куќа, многу е грубо да се дојдете на време. Треба да задоцните барем еден час затоа што точноста всушност би била знак на алчност.
7. Сркање на супата
Западните земји ова го сметаат за некултура, но во Јапонија тоа е индикатор за убави манири и уживање во храната.
8. Смеење
Ако сакате да навредите некого во Кореја, доволно е да му се насмеете. Ова всушност ќе му покаже дека мислите оти е глупав.
9. Знак со рака за „ОК“
Никако не користете го овој знак во Бразил или Турција. Ги потсетува на задникот.
10. Повикување со рака
Не ги повикуваје луѓето со рака на Филипините. Се смета дека ваквото довикување е само за кучињата и дури може да бидете уапсени ако го сторите тоа.