Заев: Имаме највисок раст на платите и рекорден број на нови работни места (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Изминативе две и пол години имаме највисок раст на платите и рекорден број на нови работни места, кога економијата расте добиваат граѓаните“, вели премиерот Заев во своето најново видео обраќање до јавноста.

Loading...

Според Заев по две и пол години водење силна и одговорна економска политика, како што вели, граѓаните почнале да ги осеќаат придобивките – преку зголемените плати, преку намалените трошоци, преку мерките за поврат на средства и преку помошта која ја обезбедиле за ранливите.

– За две години, оваа Влада потпиша 34 нови договори за странски и домашни инвестиции. Од нив, 12 фабрики се изградени, а 22 фабрики се во процесот на изградба. Тоа е многу повеќе од дво-годишните периоди меѓу 2013 и 2017 година, кога биле потпишани 7, односно 9 договори за поддршка за градба на фабрики, а биле отворени 6, односно 7 фабрики, рече Заев.

Според премиерот растат инвестициите, па од 2017 до 2019 година има 741 милиони евра странски директни инвестиции.

– За разлика од овој рекорд на странски инвестиции, во периодот од 2013 до 2015, имаше 457 милиони евра, а во периодот 2015 – 2017, 555 милиони евра странски директни инвестиции. Рекордните странски инвестиции дојдоа како резултат на неколку клучни фактори: н админувањето на политичката криза, решавањето на споровите со соседите и одговорната економска политика. Фокусот на економијата, заедно со членството во НАТО ќе донесе уште повеќе странски инвестиции. Поволните услови за странските и за домашните инвестиции, како и активните мерки за вработување, во изминативе две години отворија повеќе од 54.000 нови работни места. Во периодот 2013 – 2015 имало само 21.000 нови работни места, вели македонскиот премиер.

Тој се пофали со покачената просечна и минимална плата, како и платите на наставниците, лекарите и медицинските сестри.

Просечната плата порасна за 2.297 денари во овие две години, за разлика од растот од само 821 денари во времето на претходната Влада. Инициравме ново, дополнително покачување на минималната плата на 14.500 денари. Во времето на претходната Влада минималната плата изнесуваше само 9.000 денари. Наставниците на почетокот на 2020 година ќе добијат ново покачување на платите. Лекарите и медицинските сестри веќе добија сериозно покачување. Еден лекар специјалист ќе зема и до 100.000 денари плата. Припадниците на Армијата земаат поголема плата, како и полицијата и пожарникарите. Цената на струјата сега е пониска и стабилизирана, а во време на претходната Влада порасна за 100%, вели тој.

Според Заев, Македонија е прогласена за „регионален шампион“ во областа на енергетиката.

Loading...

Leave a Reply