Ексклузивно возење со Синиот воз на Тито ќе се организира на 29 ноември, кога за Ужице ќе замине од белградската станица Топчидер, со ноќевање на Златибор.
Loading...
Според порталот „Глас на Западна Србија“, патниците ќе имаат можност да слушнат за историјата и атракциите поврзани со Синиот воз за време на возењето.
Поаѓање од станицата Топчидер е на 29 ноември во 12 часот, а враќање на 30 ноември со поаѓање од Ужице во 16,45 часот и пристигнување во Топчидер во 19,35 часот.
Цената на билетите за тематско возење со возот на Тито до Ужице е 5.900 динари, а бројот на места е ограничен.