Бурата Викторија, која ја зафати Грција од завчера, направи сериозна штета на некои од омилените одморалишта, а како што велат, најсилниот удар се очекува денес.
Викторија во моментов ја уништува Атика, односно Атина, и досега нанесе огромна штета на Западна Грција и Јонските острови.
Обилните врнежи од дожд предизвикаа свлечиште во областа Хана на Крит и уништени се неколку патишта.
Викторија ја покажа својата сила и во Кефалонија, каде неколку куќи, за среќа празни, останаа покриени со кал.
Најлошо било на Крф, каде што се случи поплавување во скоро сите области и автопатот покрај брегот се претвори во река.
Противпожарната служба на Крф примила десетици повици за дрва што блокирале патишта и ги поплавиле домовите и продавниците.
Викторија предизвика недостаток на електрична енергија во Крф и сообраќајот беше суспендиран во некои делови поради силни бранови на крајбрежната рута.
Училиштата сè уште се затворени.