Познати овогодинешните добитници на Ноемвриската награда (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Три физички и две правни лица се добитници на овогодинешната Ноемвриска награда, како најпрестижно признание кое го доделува Општина Куманово за врвни достигнувања на поединци, група граѓани или претпријатија, а по повод Денот на градот, 11 Ноември.

Loading...

Од 28 кандидирани, Комисијата за одбележување на празници и манифестации, доделување награди и признанија вчера одлучи наградата да им биде доделена на лекарите Хасан Хасани, Радомир Гелевски и историчарот Димитар Масевски.

Од правните лица добитници на Ноемвриска награда за оваа година се Женскиот ракометен клуб Куманово и ООУ „Крсте Мисирков“.

– Фондот за награди останува ист како и минатата година, 100.000 денари и го делат трите физички лица. Ќе има благодарници, а за тоа на одлучува градоначалникот на кого ќе ги додели, појасни денеска советникот и претседател на Комисијата, Сашо Милковски.

Loading...

Хасан Хасани е лекар, специјалист педијатар, основач на приватна здравствена установа „Зана“, а наградата му се доделува за неговиот придонес и ангажман во неговата дејност за што сведочат и добиените признанија и пофалници од релевантни институции од земјата и од странство.

Радомир Гелевски е лекар специјалист по абдоменална хирургија и раководител на Оддел за хирушки болести при Општа болница Куманово. Тој е автор и коавтор на повеќе стручни трудови во областа на абдоменалната хирургија, а наградата му се доделува за неговиот ангажман и придонес во здравствената дејност, а особено во унапредувањето на хирушките процедури и интервенции.

Димитар Масевски е историчар и основач на Друштвото за наука и култура „Парадигма“, а наградата му се доделува поради неговата повеќедецениска, културна и општествена и творечка активност, особено во афримација на градот преку издавање на повеќе трудови посветени на историјата на градот Куманово.

Од правни лица добитници се ЖРК Куманово и ООУ „Крсте Мисирков“ и тие ќе добијат само диплома како признание, но не и парична награда.

Женскиот ракометен клуб Куманово, кој оваа година одбележува јубилеј од 90 години постоење и е најстар спортси колектив во државата. Наградата им се доделува поради одличните резултати во ракометот кои ги остварија во изминатите години, а особено за остварениот трофеј Куп на Македонија во сезоната 2019/2020 година.

Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ наградата ја добива за долгогодишната успешна реализација на воспитно-образовниот процес, реализација на голем број воннаставни активности во повеќе сфери и реализација на проекти за што сведочат наградите на учениците и наставниците.

Наградите ќе бидат доделени на Свечената седница на Советот на Општина Куманово која ќе се одржи на 11ти Ноември.

Инаку, Ноемвриската награда како највисоко општинско признание за прв пат е доделена во 1967 година.

Loading...

Leave a Reply