Првите Ноемвриски награди во Куманово доделени пред 52 години

Сподели со своите пријатели

Комисијата за доделување на Номевриска награда на Собранието на општината Куманово, за прв пат во 1967 година има доделено вакви големи признанија на поединци и групи автори на Денот на ослободувањето на Куманово – 11 Ноември.

Loading...

Со една ваква одлука Куманово се приклучил кон останатите градови во тогашна СФРЈ, кои исто така на одредени свечени денови доделувале вакви награди.

Наградите биле доделени на автори или изведувачи чии дела претставувале најрани остварувања во науката, уметноста, образованието или урбанизацијата.

При доделување на Ноемвриските награди биле предвидени следните елементи: делото да претставува знајачјно остварување во одредена област или да претставува творечка примена на науката, понатаму авторот да е граѓанин на општина Куманово или делото тематски да е поврзано со градот, иако добитникот не е кумановец.

Наградите кои ги доделувала комисијата составена од седум члена биле парични, а добитникот добивал и посебна диплома. Со воведување на овие награди им се овозможило на сите граѓани кои работат во областа на образованието, науката и културата да постигнуваат поголеми резултати од кои ќе имаат корист добитниците, но и целата општина.

Кирил Караџа, академски сликар, добил Ноемвриска награда во огласта на уметноста за Деветтата самостојна ликовна изложба.

Александар Ѓорчев, артист и режисер на Народениот театар, за толкувањето на ликот Иштван во комедијата „Глувчева патека“.

Душко Ристовски, дипломиран инжинер архитект за урбанистичкиот план на населбата „Трета македонска ударна бригада“.

Loading...

Извор: „Наш весник“ број 145 (среда, 11. октомври 1967. година)

Leave a Reply