Ред Сафари, нов сингл на Кирил Џајковски (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ред Сафари, новиот сингл на Кирил Џајковски е дел од саундракот за филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски.

Loading...

Синглот и видео спотот излегуваат истовремено со успешната светската премиера на филмот на 14. Филмски фестивал во Рим.

По филмовите „Прашина“ и „Сенки“, Џајковски повторно соработува со Манчевски со кого во минатото соработуваше и во проектот „Бастион“.

По успешната летна сезона, исполнета со настапи на повеќе фестивали, Кирил Џајковски се враќа на сцената со серија од нови музички изданија.

Првото од нив, синглот „Ред Сафари“ е уште една соработка со пејачот и рапер Лион Д.

Песната е експлозивна мешавина од реге и драменбејс и одлично ја доловува фуриозната атмосфера од живите настапи на Џајковски.

Leave a Reply