НОВ ПРЕСВРТ: Брегзит би можел да се случи во февруари

Сподели со своите пријатели

Европската унија ќе го одложи Брегзит до јануари 2020 година, освен ако британскиот премиер Борис Џонсон не добие поддршка за неговиот договор следната недела во парламентот.

Loading...

Според „Сандеј тајмс“ одложувањето на Брегзит е „варијабилно“ – што значи дека Британците можат да ја напуштат ЕУ порано, на 1 или 15 ноември, во декември или февруари, доколку договорот биде ратификуван пред крајот на продолжувањето на крајниот рок, пишува Сандеј Тајмс, повикувајќи се на дипломатски извори.

Лондонскиот весник пишува дека европските влади нема да одлучат за потенцијално одложување додека не процени дали договорот ќе помине во британскиот парламент во вторник.

Еден европски извор откри дека смета дека ситуацијата во Велика Британија е „многу нејасна“ и дека ЕУ не сака да донесе одлука за Брегзит во загриженост дека британскиот парламент во меѓувреме може да го ратификува договорот.

Тој не ја исклучи можноста двете страни да го извршат ратификувањето до 31 октомври, но во тој случај може да се случи и „техничко“ одложување за да се заврши процесот.

Договорот треба да го ратификува и британскиот и европскиот парламент.

Европските дипломати и официјални претставници во неделата во Ројтерс открија дека, во зависност од случувањата во Лондон, опциите за одложување варираат од еден дополнителен месец до крајот на јануари до половина година или подолго.

Европските амбасадори официјално го започнаа процесот на ратификување во неделата со брифинг со главниот европски преговарач Мајкл Барние, изјавија за агенцијата дипломатски извори, барајќи тие да останат анонимни.

Loading...

Тие го „забележаа“ барањето на Џонсон за работно одложување во сабота, а претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ќе се консултира со европските лидери во наредните денови.

Leave a Reply