Новиот договор за Брегзит има „пристојна шанса“ да биде одобрен од британскиот парламент во сабота, 19 октомври и е алтернатива Британија да ја напушти ЕУ без договор на 31 октомври, изјави денеска министерот за финансии Садид Јавид.
Според него, тој нема да обрне внимание на повиците на индивидуалните пратеници да го проценат економското влијание на договорот што премиерот Борис Џонсон го постигна денес со ЕУ.
Јавид истакна дека пратениците треба да разберат дека планот ќе стави крај на неизвесностите во Велика Британија во последните три години откако гласачите ја донесоа одлуката да ја напуштат ЕУ.
Претходно, лидерите на ЕУ едногласно го усвоија договорот за Брегзит и официјално го испратија до британскиот парламент за ратификација.