Уапсен готвач кој користел канабис во готвењето

Сподели со своите пријатели

Еден сицилијански готвач е уапсен под сомнение дека продава дрога откако полицијата пронашла канабис во неговиот дом, јавуваат италијанските медиуми.

Loading...

Готвачот Кармело Киарамонте поседувал две големи стебла марихуана и една фунта индиски коноп, соопшти полицијата.

Имал и вина од канабис, маслиново масло, кафе и туна кои биле пронајдени и запленети во неговиот дом во Катанија, источна Сицилија.

Готвачот, наводно, им кажал на службениците дека само „испробува нови вкусови“.

Киарамонте се опишал како „консултант во областа на агро-храната во третиот милениум“, пренесе италијанскиот весник Сицилија.

50-годишниот готвач, кој живее во селото Трекастањи во подножјето на Етна, е пуштен на слобода и го чека судење.

Познат како познавач на сицилијанската кујна, Киарамонте работи како готвач во ресторанот на хотелот „Katan Palas “во Катанија.

Според неговата веб-страница, Киарамонте готви на „вкусот на медитеранскиот народ“, користејќи „ароматични нијанси“.

Loading...

Leave a Reply