Свиркачот кој го пријави Трамп е агент на ЦИА

Сподели со своите пријатели

Свиркачот кој поднел жалба за телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега, Володимир Зеленски, е службеник на ЦИА, кој во еден момент бил запознаен за работите во Белата куќа, дознава Њујорк Тајмс.

Loading...

Свиркачот, наводно, бил назначен да работи во Белата куќа, но се вратил во ЦИА по поднесувањето на претставката.

Весникот наведува дека, врз основа на текстот на жалбата, може да се заклучи дека тој има добро познавање на украинската политика.

ЦИА посочува дека заштитата на неговиот идентитет е најголем приоритет.

Њујорк Тајмс ја брани својата одлука да објави информации за свиркачот, велејќи дека неговата улога е клучна за решавање на најважниот проблем со кој се соочува земјата – дали американскиот претседател го прекршил Уставот.

„Ги повикувам блиските соработници на претседателот Трамп, истите тие што се обидоа да го сокријат преписот на контроверзниот телефонски повик. Тие сега се соучесници во тоа што го прави претседателот. Поканете го да ја направи вистинската работа и да си даде оставка”, рече кандидатот за претседател Бето О ‘Рурк.

Leave a Reply