Вучиќ: Две африкански земји најавија преиспитување на одлуката за Косово

Сподели со своите пријатели

Српскиот претседател Александар Вучиќ пред новинарите изјави дека веднаш по неговиот говор пред Генералното собрание на ООН, двајца африкански министри му пристапиле на Ивица Дачиќ и најавиле преиспитување на нивната одлука за статусот на Косово.

Loading...

„Важно е дека само една секунда по мојот говор, двајца министри од многу важни африкански земји дојдоа кај Дачиќ за да ни честитаат за нашата позиција и рекоа дека тие ќе бараат да водат таква (суверена и независна) политика и дека тие би сакале да зборуваат со нас за Косово, затоа што одлуките во минатото не беа, да не речам, во согласност со меѓународното право, но тие не беа на наша страна “, рече Вучиќ.

Тој, исто така, истакна дека за време на своето обраќање во ООН, во просторијата имало три пати повеќе луѓе отколку претходниот пат.

Leave a Reply