Жак Ширак, поранешниот претседател на Франција во два мандати, почина на 86-годишна возраст, потврди неговото семејство за агенцијата Франс прес. Тој ќе биде запаметен и како претседател кој ја водеше својата земја во заедничката валута на Европа, но и во водечкото меѓународно спротивставување на американската инвазија врз Ирак.
Како претседател на Франција од 1995 до 2007 година, Ширак бараше повеќе решенија за својата земја и Европската унија и се залагаше за „мултиполарен“ свет кој би можел да ја балансира американската и англосаксонската доминација.
Претседателот за прв пат влезе во владата под Шарл де Гол во 60-тите години на минатиот век, а познат е по пркосењето на Америка.
Ширак ја предводеше опозицијата во ООН, кој се спротивстави на инвазијата на САД во Ирак во 2003 година, операција која на крајот откри дека земјата нема оружје за масовно уништување.
Тој беше првиот француски претседател кој ја призна одговорноста на државата во депортацијата на Евреите за време на Втората светска војна.
Тој исто така го измисли изразот што стана обележје во француската климатска политика: „Нашата куќа гори и ние сме слепи за тоа“, рече тој во говорот во 2002 година.
Откако му заврши мандатот, Ширак беше обвинет за корупција во годините кога беше градоначалник на Париз, со што стана првиот поранешен француски шеф на кој му се судело и кој беше осуден од Втората светска војна.
Поранешниот претседател, кој не беше на судење во 2011 година поради болест, беше прогласен за виновен за злоупотреба на градските фондови во корист на неговите приврзаници и политичката партија. Тој доби условна казна и не поднесе жалба.
Булдожер
Неговите колеги го нарекоа „булдожер“ кога беше министер во 1960-тите. Ширак налутено го покажа својот талент за бунт кога ја раскина врската со тогашниот претседател Валери Зискар Д’Естен во 1976 година и поднесе оставка на местото премиер.
Следната година тој го победи својот кандидат во трката и стана првиот избран градоначалник на Париз, а на оваа позиција беше 18 години, додека имаше и друга политичка функција.
На крајот влезе во Елисејската палата, каде се бореше да ги развие воените способности на ЕУ за да работи независно од Северноатлантската федерација предводена од САД.
Поборник на францускиот „културен исклучок“, Ширак рече на патувањето во Виетнам во 2004 година дека зголемената и непречена употреба на англиски јазик ширум светот ќе доведе до „глобална субкултура“.
Ширак е роден во Париз на 29 ноември 1932 година и се школувал во најдобрите средни училишта на француската престолнина.
За кратко време работел како морнар на товарен брод, се борел како офицер во француската армија за време на Алжирската војна за независност, но исто така миел садови во ресторани за време на неговиот летен курс на Харвард.