Грета Тунберг до светските лидери: Ми ги украдовте соништата и детството (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Младата активистка за клима, Грета Тунберг упати апел и укор кон светските лидери на почетокот на самитот за клима на Обединетите нации, одекнувајќи ја пораката и прашањето „како се осмелувате“, пренесува Ројтерс.

Loading...

Грета Тунберг, која започна со протести пред шведскиот парламент пред повеќе од една година, кулминирајќи со глобалните протести против климатските промени, им порача на светските лидери дека ги „украле“ нејзините соништа и детството со „празни зборови“.

„Ова не е во ред. Не треба да бидам тука. Треба да бидам на училиште од другата страна на океанот“, рече Тунберг, додавајќи дека светските лидери ги „украле“ нејзините соништа и детството со „празни зборови“, пренесува Ројтерс.

„Нема да дозволиме да се извлечете од тоа“,рече Тунберг пред светските лидери на почетокот на самитот за климатски сами на Обединетите нации.

Leave a Reply