Руската гранична гарда заплени два бродови на Северна Кореја во руски територијални води во Јапонското Море и уапси повеќе од 80 Севернокорејци откако еден брод нападна руска гранична патрола, јавуваат руските медиуми повикувајќи се на Федералната служба за безбедност (ФСБ).
Крајбрежната гранична патрола претходно пронашла два бродови од Северна Кореја и 11 бродови на ловокрадци во ексклузивната економска зона на Русија во Јапонското Море, пренесува Риа Новости.
Екипажот од севернокорејскиот брод со 45 лица отворил оган врз граничната патрола кога биле повредени тројца припадници на крајбрежната стража, соопшти ФСБ.
ФСБ соопшти дека Граничната гарда во регионот Приморе презела одлучни мерки за спречување на незаконските активности.
Во врска со инцидентот, претставникот на Северна Кореја за надворени работи, Чин Јонг Хеп, беше повикан во руското Министерство за надворешни работи на разговор, кој сепак не дал никакви изјави по напуштањето на министерството.