Провалници украле целосно функционална 18-каратна златна ВЦ школка од британскиот дворец Бленам, каде што беше изложена како уметничко дело, соопшти полицијата.
ВЦ школката, вредна повеќе од пет милиони долари, беше дел од изложбата на италијанскиот концептуален уметник Маурициус Кателано, која беше отворена пред два дена во прекрасна палата на околу 100 километри западно од Лондон, пренесува Ројтерс.
Школката, наречена „Америка“, претходно беше изложена во импровизиран тоалет во музејот „Гугенхајм“ во Њујорк, каде што можеа да го користат повеќе од 100.000 посетители.
Крадците провалиле во палатата, родното место на славниот британски премиер Винстон Черчил, со најмалку две возила и ја украле школката нешто пред 17 часот, соопшти полицијата.
„Бидејќи школката беше поврзана со цевките во зградата, таа предизвика значителна штета и поплавување“, рече инспекторот essес Милне.
Полицијата соопшти дека уапсила еден 66-годишен маж под сомнение за вмешаност во кражбата, но дека не успеала да ги врати украдените дела.