Мажот кој уби 7 лица во Западен Тексас и повреди 22, меѓу кои и 17-месечно бебе, е идентификуван како Сит Ејтор, објави АП, повикувајќи се на неименувани полициски службеници.
Етор, кој беше убиен од полицијата, наводно имал 36 години.
Полицијата во саботата се обиде да го запре Етор поради сообраќаен прекршок, а тој започнал да пука.
Полицијата го бркала скоро 20 километри додека пукал наизменично во областите Одеса и Мидленд.
Убил 7 лица, на возраст меѓу 15 и 57 години.
Властите претходно соопштија дека напаѓачот имал криминално досие, но не даваат детали.
Ова е второ масовно убиство во Тексас во последните четири недели, потсетува Ројтерс.
Пукањето во Одеса се случи само пред 4 недели откако 22 лица беа убиени во тексашкиот град Ел Пасо.
Овој напад е 25-то масовно убиство од почетокот на оваа година во Соединетите држави, со што вкупниот резултат е веќе изедначен со оној од минатата година, со тоа што бројот на загинатите достигна 142, што веќе го надминува бројот на загинати во 2018 година.