Ураганот „Доријан“ стигна до архипелагот Абако. На Бахамите се очекува да донесе два дена пороен дожд, големи бранови и разорувачки ветер.
Ураганот „Доријан“, кој е рангиран во петтата категорија, е најсилниот ураган што ги погоди Бахамите во поновата историја, соопшти американскиот Национален центар за урагани.
На малите бахамски острови ветровите што достигнуваат брзина од 285 километри на час веќе кршат дрвја и кровови, јавуваат американските медиуми.
Властите на Бахамите ги повикаа граѓаните да се евакуираат од погодените области.
Премиерот на Бахамите, Хуберт Минис, предупреди дека оние што не евакуираат, „се ставаат во голема опасност“.
Британската кралска морнарица испрати брод до Бахамите што е соодветно опремен и е подготвен да помогне, доколку е потребна помош, соопшти британското Министерство за одбрана.
Од таму очекуваат ураганот да погоди и делови од Флорида.
Некои градови во Флорида наредија евакуација, а други се очекува да го сторат тоа.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Доријан ќе биде еден од најсилните урагани во Америка досега.