Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска донесе забрана за увоз на свинско месо и преработки, како и увоз и транзит на живи домашни и диви свињи од Србија, по веста дека во оваа земја се појавила африканска чума.
Директорот на АХВ Зоран Атанасов за МИА потврди дека во Србија има африканска свинска чума, и тоа во околината на Белград, Младеновац, Смедеревска паланка,…
Претходно, на прес-конференција за антраксот, Атанасов соопшти дека во Република Северна Македонија африканска свинска чума нема. Состојбата будно се следи, а превентивните мерки се подигнати на максимално ниво.
-Од петокот во сила е Решението за задолжително лабораториско испитување на секоја увозна пратка свинско месо, производи и преработки. Пратките нема да се пуштаат во промет се додека не се добие наодот од лабораториското испитување, информира директорот.