Тим поморски биолози околку Соломонските острови откриле вид желка која свети во темница и има неоибчна способност за биофлуоресценција, односно емитување светлина во различни бои, како што се зелена и црвена.
Биофлуоресценцијата се проучува дури десетина години, а откритието на желките со клун на јастреб кај Соломонските острови е прво од таков вид, пренесува „Соломон тајмс“.
Исчезнале 123 џиновски желки од Галапагос
Тимото биолози не знае со сигурност зошто желките ја имаат оваа единствена способност, но се знае дека други видови ги користат за да меѓусебно комуницираат или се камулфираат.
Поморскиот биолог Александер Гаос вели дека коралите често имаат биофлуоресценција, да та е можно желките да ја имаат оваа карактеристика за да се вклопат во околината.
Кога желки имаат секс, стенка мажјакот, а не женката (видео)
Следниот чекор во разбирањето на другите нивни способности ќе биде биолозите да ги проучат очите на желките кои светат во темница за да утврдат дали тие ги гледаат флуоресцентните бои кои ги емитуваат.
Тимот биолози ќе ја проучат и хемиската реакција во желките за да утврдат што точно ја предизвикува флуоресценцијата.
Угина редок вид желка, една од четирите примероци во светот (ВИДЕО)
Научниците од Филипини се наоѓаат дека ќе пронајдат уште примероци од истите биофлуоресцентни желки во своите води.
Ова единствено откритие лесно би можело да води до поголеми откритија кај други животни кои имаат непознати способности, додава „Соломон тајмс“.
Image by David Mark from Pixabay