14.04.2019 23:39

Угина редок вид желка, една од четирите примероци во светот (ВИДЕО)


Единствената желка на еден од најретките видови желки угина во зоолошка градина во Јужна Кина, јавуваат тамошните власти.

Угинатата желка била една од само четири Јангци, гигантски желки со мек оклоп, колку се верува дека останале во светот.

loading...

Во зоолошката градина во Суџоу каде живеела желката исто така се чува и мажјак од тој вид. Другите две живеат во Виетнам, но не е познат нивниот пол.

Желката угинала во сабота попладне, соопштуваат градските власти.

Списанието „Пиплс дејли“ јавува дека желката била над 90 години стара и дека бил дел од петиот обид за вештачко оплодување недолго пред смртта.

Со медицински преглед пред процедурата установено е дека била со добро здравје и изгледало дека процедурата оди едностано, но желката угинала следниот ден.

Овој вид желка потекнува од Кина, а се населува во реката Јангце и езерото Таиху. За нив често се вели дека се најзагрозениот вид желка во светот.

Властите на Суџоа наведуваат дека кинески и странски експерти ги испитуваат причините за смртта на желката.

loading...

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments