Се реставрира саркофагот на Тутанкамон, прв пат по откривањето

Сподели со своите пријатели

Експертите започна аобнова на златниот саркофаг на египетското момче-крал Тутанкамон, прв пат по откривањето на гробницата во 1922 година, соопшти египетското Министерство за антиквитети.

Ковчегот и познатата збирка предмети пронајдени во гробот на Тутанкамон, би требало да бидат централен дел на новиот Гранд египетски музеј кој Египет ќе го отвори следната година во близина на пирамидите во Гиза.

Научник на чекор од решавањето на најголемата мистерија на стар Египет

Министерството соопшти дека саркофагот е донесен пред три дена од југот на Египет до музејот на реставрирање и тоа е прв пат од откривањето на гробницата.

Image by Maaark from Pixabay

– Ковчегот претпел многу штета, вклучително и пукнатини во златните слоеви на гипсот, рекол Еиса Зидан, шеф на Одделението за реставрација во музејот и додал дека реставрирањето ќе трае околу осум месеци.

Египет претходно најави дека новиот музеј официјално ќе биде отворен до крајот на 2020 година. Изграбата траела 15 години, а делумно ја финансира Јапонија.

Големи владетелски семејства кои целосно ги уништил инцестот

Гробницата на кралот на 18та династија во Долината на кралевите во Луксор ја открил британскиот археолог Хуард Картер во 1922 година. Грбоницата била недопрена и во рамките на неа се наоѓале околу 5.000 артефакти.

Image by Gerhard Gellinger from Pixabay

Leave a Reply