Времето денеска ќе бие сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во крајните планински региони ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
Минималните температури, како што прогнозираат синоптичарите, ќе се движат од 10 до 18, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 27 до 35 степени.
Во недела и понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Од вторник ќе биде ветровито со услови за локален пороен дожд.
Image by Jill Wellington from Pixabay