Попладнево на повеќе места низ земјава е нестабилно со пороен дожд и грмежи. Поинтензивна нестабилност со појава на град има во југоисточните делови (Струмица, Радовиш), како во Пелагонија (Прилепско), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
– Во моментов нестабилност во форма на невреме со пороен дожд и грмежи, а според радарската слика и со појава на град, ја зафаќа и Скопската котлина. Процесите засега се поинтензивни во источниот и југоисточниот дел од котлината, но во наредниот час можно е да биде зафатена и целата територија на главниот град, велат од УХМР:
Нестабилно ќе се задржи и до крајот на денот, на повеќе места и понатаму со пороен дожд и грмежи, а локално со поинтензивни процеси, засилен ветер и појава на град.
Image by Free-Photos from Pixabay