Во светот владее нов бизарен тренд меѓу младите. Тие го промовираат природниот мирис на телото, па половина од нив не користат дезодоранс.
Четириесет отсто од младите, на возраст од 18 до 24 години, не користеле никаков дезодоранс во изминатиот период, покажале резултатите на истражувањето на организацијата „YouGov“. Како што откриле, третина од младите кои имаат од 25 до 34 години исто така не користат дезодоранс, како и 22 отсто од оние кои се на возраст од 35 до 44 години.
Што се однесува на постарите од 45 години, само 16 отсто не користат дезодоранс.
Се повеќе млади сакаат да ја сочуваат околината, природата, па расте побарувачката за природното, органско производство без хемикалии.
Компаниит екои го следат пазарот укажуваат на тоа дека поголемиот број од актерите на бизарниот тренд од генерацијата Z, лица кои се родени по 1995 година и кои во своите раце ја имаат купувачката моќ. Се проценува дека до 2020 година на планетата ќе има 2,6 милијарди луѓе кои годишно ќе трошат околу 44 милијарди долари.
Пораснати се на интернет, имаат силно присуство на социјалните мрежи, и го обликуваат пазарот на брендови, нивните производи, па дури и дизајнот на истите.
Исто така, неодамнешна студија на „Виаком“ утврдила дека осум од десет миленијалци и оние од Z генерацијата убавината ја дефинираат како „да се биде природен“, односно „да бидам она што сум“.
Се гледа и по кампањит ена познатите козметички брендови кои последните години инвестираат во производи кои ја истакнуваат природната убавина, а не ја маскираат. Истото се бележи и на пазарот на храна, облека и слично.
Од друга страна дезодорансот е една од најуспешните козметички приказни која датира уште од 1919 година. Цел век подоцна, индустријата на дезодоранси вреди 18 милијарди долари, но денес се поголема е побарувачката за природни производи, особено поради неколку истражувања (кои подоцна се покажале како лажни) кои го поврзале дезодорансот со разни болести.
Дали природните дезодоранси се вистинско решение за иднината?
Др. Кристине Ко, професор по дерматологија и патологија од Универзитетот Јелј, објаснува дека тоа не е толку едноставно.
– Некои луѓе се потат повеќе од други. Тие навистина треба да консултираат дерматолог и користат и дезодоранс и антиперсипарн, па дури и ботокс, рекла др. Ко.
Објаснила дека водата која ја исфрламе со потење не е таа поради која имаме непријатен мирис. Проблем се бактериите кои живеат на нашата кожа.
– Сите имаме различни бактерии и тоа создава различни мириси, појаснува таа и додава дека дезодорансите не се поврзани со болести, не предизвикуваат рак, а дека оние кои сакат можат да се префрлан на природни дезодоранси.
– Се повеќе млади луѓе водат грижа за тоа производите кои ги купуваат да бидат органски и без хемикалии, така да има смисла што овој тренд започнува да владее и во светот на дезодорансите, вели Ко.