99 нови случаи на коронавирусот имало во Куманово изминатата недела

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (22.11 – 29.11) бројот на нови случаи во Куманово е 99, а активни во Куманово се 265 случаи, заклучно вчерашната статистика на Министерството за здравство.

Loading...

Вкупно 99 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела што е намалување ако се земе предвид дека неделата претходно бројот на нови случаи изнесувал 115.

 

 

Намалување се бележи и кај бројот на активни случаи, кои на минатонеделниот пресек биле 294, а денеска се 265.

Во изминатата недела битката со вирусот ја загубиле седум лица од Куманово и Липково, односно исто како и неделата претходно.

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во четврток, вкупно 21.

Loading...

 

 

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 12.854 случаи позитивни на коронавирусот.

На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 215.009 случаи, од кои во моментот се активни 8.398. Оздравени се 199.064, а починати 7.547 пациенти.

Никола Ивановски

Извор: Министерство за здравство