98-годишна баба казнета поради печење ракија

Сподели со своите пријатели

Царинарници во Хрватска, казниле 98-годишна старица која во својот двор печела ракија.

Loading...

Бабата од Удбин печела ракија на традиционален начин. И помагале соседите, а при подготовката на вториот котел со ракија, во дворот пристигнала мобилната екипа на Царинската служба во Задар.

Старицата живеела сама па немоло кој да и ја објасни законската процедура во врска со условите за дестилирање алкохол во домашна работилница.

Одземени биле 54 литри ракија, а на лице место бабата платила казна од 67 евра, како и дополнителна казна за прекршок во износ од 200 евра, се наведува во соопштението на хрватските медиуми.

Соседите велат дека не паметат некој толку ригорозно да бил казнет поради сличен прекршок.

Leave a Reply