950 луѓе загинаа во разорен земјотрес во Авганистан

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртвите во разорниот земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала што го погоди источен Авганистан се зголеми на 950, соопштија локалните власти.

Loading...

Според службеникот на секторот за вонредни ситуации, во земјотресот се повредени 610 лица, пренесе Ројтерс.

Снимките и фотографиите објавени на социјалните мрежи, по земјотресот што ја погоди провинцијата Пактика, покажуваат луѓе на носилки, урнатини и уништени куќи.

Најголем дел од жртвите се регистрирани во Пактика, но жртви има и во источните провинции Нангархар и Кост.

Земјотресот погоди густо населена област на границата меѓу Авганистан и Пакистан, а беше почувствуван во домет од 500 километри, јавува Би-Би-Си.