95 лица загинаа во експлозија во Авганистан

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати се искачи на 95, а 158 лица се повредени куга утринава екслодирала бомба во возило на Итната помош на полицискиот пункт во Кабул, соопштуваат властите.

Од министерството предупредуваат дека бројот на мртви може и да расте, затоа што извештаите од болниците укажуваат дека многу од повредените се во критична состојба, наведува АП.

До експлозијата дошо недалеку од делот на градот каде се наоѓаат странските амбасади и зградата на Владата, соопштува авганистанското Министерство за здравство.

Одговорноста за овој самоубиствен напад со автомобил-бомба ја преземаат талибаните, недела дена откако извеле напад и на хотелот „Интерконтинентал“ во Кабул при што убија над 20 лица, јавуваат агенциите.