Во една од последните полициски акции во Велика Британија уапсена е 93-годишна баба, која инаку не направила ниту еден злочин, но лисицте околу рацете и биле „последна желба“.
Старицата целиот живот била добра и примерна граѓанка, но сега посакала макар да се најде на другата зтрана на законот.
Сакале да украдат автомобил на старица, но на ова сигурно не се надевале (ВИДЕО)
Во твитот кој има илјадници лајкови Пем Смит напишала до полициската станица во Манчестер за да се заблагодари за гестот кон нејзината баба Џиси Брдс.
– Големо благодарам што ја „упасивте“ мојата баба Џоси денеска. Таа има 93 години и здравјето ја попушта, но сакаше да биде приведена поради нешто пред да и биде предоцна. Баба има златно срце и денеска навистина уживаше. Ви благодарам што и ја исполнивте желбата, напишала Пем.
Стигна и одговор од полицијата.
– Драго ни е што навистина можевме да помогневме. Изгледа дека добила целосно искуство. Поздравете ја Џоси, а јас ќе ја пренесам вашата порака до колегите, одговориле тие.
Пем објаснила дека нејзината баба целиот живот била добра жена, која никогаш не направила ниту еден злочин, но по старост сакала „искуство на кое ќе се сеќава“.
Оваа старица лечи лижејќи го окото со јазикот (видео)
Џоси инаку не е првата баба која целиот живот била добра, а потоа пред смртта посакала да биде „криминалец“. Во марк оваа година последната желба на Ен Брокенбору (104) од Бристол исто така и била да заврши во полиција.
Фото: Twitter/Pam Smith