92 кумановци казнети за неносење маска

Сподели со своите пријатели

За непочитување на одредбата за задолжително носење заштитна маска во Куманово во текот на викендот биле напишани 92 казни.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (17.01/18.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 133 лица не ја почитувалe, информираат од полицијата.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најмногу се во Куманово 92, во Крива Паланка 33 и во Кратово 8.

За истите, како што информираат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply