91 казна за неносење маска вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Деведесет и една казна вчера била напишана во општина Куманово поради непочитување на законската обврска за задолжително носење заштитна маска.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (24.02/25.02.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 121 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од прекшрочните налози биле издадени во Куманово 91, во Крива Паланка 17 и во Кратово 13.

За истите, како што додаваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *