90 санкции за брзо возење на територија на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 90 казни за брзо возење денеска напишала полицијата на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

– Денеска (08.09.2022) во периодот од 14.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 90 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, од нив 60 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 30 надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Никола Ивановски