9.7 милиони денари за реконструкција на Центарот за вработување во Куманово

Сподели со своите пријатели

„Куманово  ќе  добие  реновиран  Центар за вработување во кој невработените лица и работодавачите ќе можат да ги добијат потребните услуги на побрз и поедноставен начин согласно заложбата на Владата и Раководството на Агенција за вработување за создавање на ефективна и ефикасна јавна администрација“, најави денеска на прес конференција Марија Димитриевска од СДСМ.

Loading...

Како што рече таа , реконструкцијата на Центарот е прва реконструкција во рамки на проектот на ИПА фондовите и за оваа реконструкција се предвидени финансиски средства во износ од 9.707.442 денари.

– Со официјална посета на Директорот на Агенција за вработување  Абдуш Демири на почетокот на неделава се направи вовед во отпочнување на реконструкција на објектот. Зградата на Центарот за вработување која е направена пред шест децении ќе добие нова фасада, ќе биде променета кровната конструкција, ќе се заменат  дотрајаните прозорци   со нови  со што ќе се зголеми енергетската ефикасност на целиот објект. Ќе се реновира и внатрешноста на објектот со замена на стари со нови подови, врати,ќе има нови санитарни јазли, обновена водоводна и канализациона мрежа, нов начин на затоплување, изјави Димитриевска.

За време на реконструкцијата Центарот за вработување ќе функционира и невработените лица и работодавачите непречено ќе ги добиваат услугите кои им се потребни од страна на оваа институција.

Никола Ивановски

Leave a Reply