89 санкции за брзо возење вчера на автопат Куманово – Скопје – Велес

Сподели со своите пријатели

Осумдесет и девет возачи вчера биле санкционирани на автопатот Куманово – Скопје – Велес во рамки на акциска котрнола на сообраќајната полиција.

Loading...

– Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 89 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од вкупниот број казнети возачи, 24 од нив се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.

Никола Ивановски

Leave a Reply