89 казни вчера напишани во Куманово за неносење маска

Сподели со своите пријатели

Вкупно 89 казни вчера биле напишани во Општина Куманово од страна на полициските службеници, по основ на непочитување на законската обврска за неносење заштитна маска на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (09.03/10.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 134 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем број од издадените прекршочни пријави најголем дел се  во Куманово 89, во Крива Паланка 27 и во Кратово 18.

За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply