86 возачи казнети викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 86 возачи биле казнети изминатиот викенд во Куманово поради непочитување на сообраќајните правила и прописи.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 86 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Најголем дел од казните, или 55 биле изречени за возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 17 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.

10 возачи биле казнети за управување возило без возачка дозвола, а 4 за нерегистрирано возило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  57 возачи казнети за 1ви Мај во Куманово

Сообраќајните контроли, како што посочуваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на СВР Куманово.

Никола Ивановски