85 казни за неносење маска изминатото деноноќие во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 85 казни напишала полицијата во Куманово во текот на изминатото деноноќие по основ на непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23.03/24.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 124 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од издадените прекршочни налози биле издадени во Куманово 85, во Крива Паланка 23 и во Кратово 16.

За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период не се регистрирани непочитувања на забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply